14-годишно девојче се удави во битолскиот базен Довлеџик

14-годишно девојче се удави во битолскиот базен Довлеџик

14 годишно се удави во базенот Довлеџик во Битола, кој оваа сезона не е отворен за посетители. Несреќата се случи денеска на пладне, а битолската полиција го потврди настанот, без да соопштат други детаљи. Базеното е во сопственост на ЈП „Стрежево“, но повеќе од две години е издаден под концесија.

Приватниот концесионер рече дека имаaт проблеми со групи деца кои влегуваат преку оградата и тврди дека не може да контролира ја површината од 2.500 метри квадрантни.

Од Стрежево пак жалат за немилиот настан, и велат дека концесионерот нема обезбедување за комплексот.

-Изненаден сум од тоа што во овој период кога друг го стопанисува објектот би требало да има обезбедување за да не се случуваат вакви немили настани. Кога дојдов тука вратите беа ширум отворени, нашиот диспечер се обидел да ги отстрани децата, иако тоа не е во наша надлежност, вели Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“-Битола

Од битолската болница велат дека девојчето во урегнетното одделение е донесено без знаци на живот, а безуспешни биле обидите на лекарите за негова реанимација.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …