35 милиони евра обезбедени за финансирање на 99 локални проекти

35 милиони евра обезбедени за финансирање на 99 локални проекти

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет покажуваат грижа за општините и граѓаните.

35 милиони евра се обезбедени за финансирање локални проекти преку пренамена на средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

Со оваа одлука ќе се финансираат 99 проекти во 75 општини, проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините.

Ова е директна инвестиција за развој и унапредување на општините, инвестиција што го поттикнува локалниот економски развој.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во се што е важно за граѓаните, продолжуваме да го помагаме развојот на нашите општини.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …