40 години ХИВ/СИДА: Хронологија на една болест

Околу 38 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ, вирусот кој може да предизвика СИДА. Од почетокот на пандемијата во 1981 година, 36,3 милиони починале од последиците на СИДА-та. Како изгледа ситуацијата денес?

Во јуни 1981 година американските лекари првпат пишуваа за болеста која ги погодува младите, хомосексуални мажи. Порано биле здрави и немале сериозни претходни болести. Веќе брзо потоа ХИВ/СИДА стана најсмртоносна пандемија во поновата историја.

Ретко воспаление на белите дробови, причина за згриженост

На почетокот на пандемијата, повеќето случаи на болеста СИДА со слабеење на имунолошкиот систем се сметаа за ретка форма на пневмонија. Но, кај новонастаната болест, освен зголемена температура, на заболените им се појавуваше и отекување на лимфните жлезди, општа имунодефициенција и Капошиов сарком. Повеќето пациенти умираа. Во 1982 година, болеста беше именувана СИДА – синдром на стекната имунодефициенција.

ХИ-вирусот е изолиран

Во 1983 година француските виролози Лук Монтање и Франсоаз Баре-Синуси го изолираа ХИВ на Пастер-институтот во Париз. За тоа во 2008 година добија Нобелова награда за медицина, што доведе до жолчни расправии со Американецот Роберт Гало. Тој, имено, спровел паралелно истражување и првично тврдеше дека го открил вирусот, но го повлече тврдењето во 1991 година.

Притоа, не станува збор само за истражувачка страст. Во центарот на вниманието, исто така, е патентирана употребата на серолошки тест на антитела со кој може да се открие инфекција со ХИВ. Овој тест на антитела беше претставен во 1984 година.

Вака изгледа ХИ-вирусот под електронски микроскоп 

Вака изгледа ХИ-вирусот под електронски микроскоп

ХИВ погодува сѐ повеќе луѓе

Во 1982 година беа објавени првите случаи на ХИВ инфекции во Германија, а за тоа време вирусот се ширеше побрзо и низ целиот свет. Многу познати луѓе починаа од СИДА, вклучувајќи музичари, фотографи и актери. Во 1985 година холивудската геј ѕвезда Рок Хадсон стана првото познато лице за кое беше објавено дека има СИДА. Тоа кај многумина ја промени перцепцијата за болеста.

Хадсон долго време важеше за кршач на срца, глумеше во многу комедии и се сметаше за сон на сите мајки додека биле млади. Тогаш добива СИДА и го дава лицето на оваа болест. Тој почина во 1985 година.

На крајот на 80-тите години сѐ повеќе јавни личности зборуваа дека ја имаат оваа болест. Но мнозинството непознати ХИВ позитивни личности дожувуваа стигматизација и дискриминација.

ХИВ и СИДА не се исто

Вирусот имунодефициенција (ХИВ) влегува во крвотокот и го напаѓа имунолошкиот состав на телото толку силно, што телото е немоќно против болести и инфекции. Телото веќе не може да се бори против вируси или бактерии. Ако ХИВ не се лечи, може да се развие СИДА и можат да настапат сериозни болести.

На почетокот на пандемијата на ХИВ имаше и инфекции преку трансфузии на крв 

На почетокот на пандемијата на ХИВ имаше и инфекции преку трансфузии на крв

За време на доцниот тек на болеста станува збор за посебен вид воспаление на белите дробови, габични инфекции на хранопроводникот и душникот или рак, како што е Капошиов сарком. Со навремено лекување, СИДА може да се избегне, а симптомите дури и да исчезнат.

СИДА е глобален проблем

Пандемијата на СИДА се ширеше со голема брзина и зафати над 100 земји. Обединетите нации во 1988 година прогласија Светски ден на борба против СИДА. Оттогаш секоја година 1 декември се одбележува под одредено мото. Мотото на Светскиот ден на борба против СИДА годинава е „Крај на нееднаквостите. Крај на СИДА. Крај на пандемијата“.

СИДА е сѐ поприсутна, особено во африканските земји, каде речиси и нема лекови. СИДА е водечка причина за смрт јужно од Сахара. Две третини од сите луѓе заразени со ХИВ во светот живеат во Африка. Тоа се 25,5 милиони луѓе. Речиси 2 милиони од нив се помлади од 15 години.

Антиретровирусните лекови се важен напредок

Во 1996 година во истражувањето на СИДА беше направен голем чекор. Претставувањето на комбинирана терапија доведе до вистинска еуфорија на Светскиот конгрес за СИДА, бидејќи даде надеж. За првпат се користат таканаречените антиретровирусни лекови. Тие го забавуваат вирусот. Неколку лекови се комбинираат еден со друг. Тие спречуваат ширење на вирусот во телото и спречуваат појавување на СИДА и на сите последици од неа.

До денес оваа комбинирана терапија се смета за стандардно лечење на ХИВ. Заболените мораат да земаат лекови целиот живот, бидејќи лековите не можат да го искоренат вирусот од телото. СИДА може да се третира, но не и да се излечи.

Повеќе: Нема пари за превенција од ХИВ/СИДА во Македонија

Со добра терапија, вирусното оптоварување во телото може да се минимизира и тогаш во најдобар случај е толку ниско што повеќе не може да се открие. ХИВ-позитивните веќе не можат да заразат други луѓе и ХИВ/СИДА веќе не е смртна казна.

ПрЕП се новата надеж

Во 2016 година, Трувада беше одобрена од Европската комисија како ПрЕП – превентивна профилакса, превентивен лек против ХИВ. Со негово земање, ХИВ-негативните луѓе можат да се заштитат од ХИВ инфекција. ПрЕП се наменети за особено ранливи групи на луѓе со зголемен ризик од инфекција. Тие вклучуваат, на пример, мажи кои имаат полов однос со мажи.

ПрЕП се состои од два лека за ХИВ. Се зема пред сексуален однос. Ако се зема континуирано и секојдневно, спречува инфекција со ХИВ за повеќе од 95 проценти. Сепак, овие лекови не штитат од други сексуално преносливи инфекции. Кондомот сè уште е најдобар метод за тоа.

Некои митови се тврдоглави

Некои сè уште веруваат дека вирусот ХИВ може да се пренесе во секојдневниот живот или преку воздух. Затоа многумина сè уште држат дистанца кога ќе сретнат некој кој е ХИВ позитивен, можеби не се осмелуваат да пијат од иста чаша и слично. Тоа е начин на однесување кој во меѓувреме треба да припаѓа на минатото.

Од 1991 година црвената панделка е симбол за солидарност со зараразените со ХИВ и заболените од СИДА 

Од 1991 година црвената панделка е симбол за солидарност со зараразените со ХИВ и заболените од СИДА

Токму овие митови, меѓу другите, секогаш одново поттикнуваат стигматизација, дискриминација и исклучување наместо отворено да се зборува за ХИВ и СИДА.

СИДА-та сега стана болест која може да се контролира, животниот век на ХИВ-позитивните и ХИВ-негативните луѓе стана посличен.

Чекајќи ја вакцината

Развивањето вакцина за ХИВ е комплицирано. Вирусот има тридимензионална површинска структура, од која половина е гликолизирана. Нападот врз неа е тежок за имунолошкиот систем, а исто така и за потенцијалната вакцина.

Имунолошкиот систем е упатен на препознавање на непријателот. Ако вирусот постојано се менува, тоа нема да му успее. Таков е случајот со ХИВ. Тој постојано го залажува имунолошкиот систем и се чини дека е постојано чекор пред истражувањата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

нуклеарна запорожје

ОН бара итен прекин на борбите и пристап до нуклеарната електрана во Запорожје

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) одржа итен состанок во врска со ситуацијата во …