62.000 франци за имплементација на приоритетни проекти и подобрување на транспарентноста на Општина Крушево

62.000 франци за имплементација на приоритетни проекти и подобрување на транспарентноста на Општина Крушево

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и претседателот на Советот на општина Крушево, Тома Петроски, вчера потпишаа меморандум за соработка со Програмата за развој на Обединетит нации (УНДП), во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Општина Крушево е една од деветте општини кои се дел од последната фаза на овој проект, а истиот опфаќа неколку компоненти:

  1. Градење на капацитети на советниците преку одржување на обуки и вмрежувзње на советниците
  2. Финансирање на имплементација на иновативни алатки за подобрување на транспрентноста на Советот
  3. Финансирање на еден до три проекти во максимална вредност од 50.000 швајцарски франци, кои ќе бидат одредени преку форуми на заедници.

Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …