Во салата на Народниот театар во Битола, воочи утрешното празнување на заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски, се одржа свечена духовна академија. На академијата се обрати градоначалничката Наташа Петровска, која на сите верници од православна христијанска вероисповед им го честиташе празникот.
„Празникот ни носи вредности, кои не се непрепознатливи, доброљубието, мирољубието и чвекољубието. Ако живееме со овие вредности, тогаш дефинитивно ги пееме тоновите на химната на вистинското опстојување. Искрената молитва е онаа која доаѓа длабокои го препознава здивот на душата, а очите ги има во срцето. Ако се потпираме на неаи живееме со таква светлина и таква искреност, во тој случај никогаш не постои опасност да се затворимево куса временска капсула и да не ги надминеме границите на вонземното. Аимаметака добар пример преку нашиот Св. Нектариј Битолски за тоа како треба да се однесуваме. Тоа дефинитивно не подразбира ниту говор на омраза, ниту пак пиодразбира лицемерие. Она што Ви го посаувам на сите Вас е добро здравје и добар вид, да ја препознаеме и најситната честичка на доброто, затоа што таа може да порасне ако сите заедно раснеме со неа“, истакна Петровска.
На духовната академија се обрати и Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Г. Петар, кој испрати пораки за зголемување на човечките вредности, во насока на подобар живот за сите.
На духовната академија настапија Византискиот хор „Св. Ахил Преспански“, женскиот хор „Св. Макрина“ и Византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“.