Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.28%, односно цената на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 3.5 денари.
Тоа значи дека еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 71.00 денари, ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по 73.00 денари за еден литар, а ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 63.00 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.