влада

Владата ја одржува редовната 125 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната, 125-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе биде разгледуван Предлог-законот за ратификација на Мултилатералната Конвенција за имплементација на мерките за спречување на ерозија на даночната основа и преместување на профитот кои се однесуваат на договорите за одбегнување на двојното оданочување.
Пред министрите, меѓу другото на разгледување ќе се најдат и Информацијата за изготвена Стратегија за здравство на Република Северна Македонија 2021-2030 година, како и Информацијата за текот на реализацијата на Националната стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората, 2019-2023 година.

Прочитајте повеќе

Вицепремиерката Грковска им ги додели дипломите на најдобрите студенти од ФИНКИ

Вицепремиерката Грковска им ги додели дипломите на најдобрите студенти од ФИНКИ

Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, …