СДСМ: Очајна лага на ВМРО-ДПМНЕ за образованието на Ковачевски

СДСМ: Очајна лага на ВМРО-ДПМНЕ за образованието на Ковачевски

Соопштение за јавност на СДСМ

Жални се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитираат образованието и компетенциите на претседателот Димитар Ковачевски уште првиот ден по неговиот избор. Очигледно стравот е голем, па од недостаток на аргументи одлучија веднаш да пристапат кон нивната единствена стратегија во политиката – лажењето.

На сите објавени резимеа на претседателот Ковачевски достапни на интернет, вклучително и во неговата програма стои јасно каде студирал, магистрирал и докторирал. Секаде стои јасно напишано и каде поминал стручни усовршувања, а такви имал повеќе меѓу кои и на Харвард. Претседателот Ковачевски имал стручно усовршување на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде станал ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година.

За разлика од ова квалитетно образование на Ковачевски, единственото стручно усовршување Мицкоски го имал кај својот татко каде бил асистент.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …