Денеска ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата, ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој на места ќе достигне над 70км/час. Дневната температура ќе се движи во интервалот од -3 до 8 степени Целзиусови.
