Ќе се формира Инспекторат за македонски јазик, предвидува предлог-законот за употребата на јазикот

Ќе се формира Инспекторат за македонски јазик, предвидува предлог-законот за употребата на јазикот

Новиот предлог-закон за употребата на македонскиот јазик, за кој вчера се дебатираше во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, предвидува да биде формиран Инспекторат за македонски јазик. Оваа новина ја најави проф. д-р. Елизабета Бандиловска, членка на Советот за македонски јазик која кажа дека во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.

„Инспекторатот ќе биде орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба на македонскиот јазик. Со овој Закон ќе се прошират областите во кој задолжително се употребува македонскиот стандарден јазик“, најави професорката.

Освен тоа, ќе се изработува и Национална стратегија за македонскиот јазик, за што ќе биде вклучен Советот за македонски јазик и значајни високообразовни институции.

Во Министерството за култура, меѓудругото најавуваат и дека Министерството за образование и наука ќе објави конкурс за стипендирање студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …