Ковачевски

Премиерот Ковачевски со честитка за Велики поклади – Прочка: Големината на човекот е во простувањето, да се обединиме околу вистинските вредности

Претседателот на Владата. Димитар Ковачевски во име на Владата и во свое лично име, упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, Г.Г Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод, како и на целиот свештенички и монашки клир, и до сите  православни верници кои го празнуваат празникот.

„Пораката од денешниот празник е благородна и исполнета со човечки вредности, затоа што големината на човекот е во простувањето. Да простуваме и да ни биде простено, да продолжиме по патот кон градење успешно и среќно општество со рамноправни граѓани. Да се почитуваме меѓусебно, да се обединиме сите заедно околу вистинските вредности и да обезбедиме мир, пријателство и благосостојба за секој граѓанин.

Меѓусебното разбирање и почит се основата за да можеме да градиме интегрирано општество каде ќе се почитуваат човековите права и ќе се развиваат демократските вредности. Нека е честит и за многу години празникот“, се вели во честитката на премиерот Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …