сончево со облаци

Денеска сонце, за викендот променливо облачно, од понеделник дожд и пад на температурите

Денеска ќе преовладува сончево време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне 22 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, засилен ветер и пад на температурата. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег при што дневната температура нема да надмине 12 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …