Во еден скорешен муабет за случувањата во нашата држава, вујко ми ме потсети на зборовите на мојот покоен дедо Пецо. Селски човек со градски манири и големо срце. Учесник на Сремски фронт. Партизан. Во миговите на евоцирање спомени, дедо ми често го кажуваше следното:
„Кога тргнавме на Сремски фронт, сите јадевме од ист казан и на едно место. И обичните војници и командантите. Кога се враќавме, јадевме од ист казан ама на различни места. После војната јадевме од различни казани и на различни места“.
Без коментар…