Гласачки ливчиња списоци

Започна транспортот на гласачките ливчиња

Полициски единици го обезбедија транспортот на ливчињата од печатницата до општинските изборни комисии

Вкупно 1.814.000 гласачки ливчиња утрово беа спакувани во битолската печатница „Киро Дандаро“ во картонски кутии со заштитен печат за претстојниот прв круг на претседателските избори во среда.

Понатаму, полициски единици го обезбедија транспортот на ливчињата од печатницата до општинските изборни комисии. Беа присутни и претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

„Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој тек ќе се одвива дистрибуцијата и ќе се заврши во текот на денешниот ден“, изјавија од ДИК.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …