Ниш

Бомба во Ниш тешка еден тон од 1999 година отстранета од градилиште

Биле евакуирани 1.300 граѓани, на кои сега им е дозволено повторно да се вратат во своите домови

Бомба од авион во градилиште во Ниш беше успешно отстранета од страна на српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесува Радио Слободна Европа. Бомбата датира од 1999 година, од бомбардирањето на НАТО врз Сојузната Република Југославија.

Бомбата е отстранета надвор од градот. На 1.300 граѓани кои беа евакуирани им е дозволено повторно да се вратат во своите домови.

Станува збор за бомба тешка 1.000 килограми.

„Ова е една од најголемите бомби што сме ги деактивирале досега. Ризикот е голем, пред сè за луѓето кои работат на неутрализацијата“, изјави Лука Чаушиќ, заменик министер за внатрешни работи и началник на Секторот за вонредни состојби.

Отстранувањето започна во 8 часот наутро и заврши во 9 и 40 часот, а во 10 часот им беше дозволено на евакуираните станари да се вратат дома.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …