обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета, им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел пари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово.

Во средата, 24 април, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета, им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

Со ова, осомничениот сторил кривични дела Разбојништво и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопштија од Јавното обвинителство.

Бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото, судот на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …