Министерот за правда Билен Саљији поднесе оставка

Министерот за правда Билен Саљији поднесе оставка

Како што јавува Радио Слободна Европа, министерот за правда Билен Саљији вечерва поднесе оставка на функцијата. На вечерашната прес-конференција Саљији рече дека оставката ја поднесува од морални причини по разнишаната доверба во судството, откако пред неколку дена обвинителството го преквалификува обвинението во случајот Алмир.

Детето Алмир Алиу беше прегазено со автомобил од Бобан Илиќ, по претходна расправија меѓу возрасните.

Судскиот случај по две години од убиство беше преквалификуван во сообраќајна незгода. Оштетените сметаат дека детето било згазено намерно и оти Илиќ треба да одговара за убиство.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …