МНР предупредува да не се патува во грчките градови во кои утре се протестира

МНР предупредува да не се патува во грчките градови во кои утре се протестира

Министерството за надворешни работи ги предупредува граѓаните кои утре ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, најавува протести за утре во четиринаесет поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“. Протестите ќе почнат 19.30 часот.

Од МНР велат дека поради можност за ескалација на протестите или инциденти, да ги избегнуваат градовите каде што ќе се протестира, како и да се воздржат од какви било реакции кон демонстрантите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …