Костадинов: Поддршката за НАТО и ЕУ доаѓа од сите светски лидери

Костадинов: Поддршката за НАТО и ЕУ доаѓа од сите светски лидери

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ, и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија:

Македонија добива силна, директна и отворена поддршка од двата најголеми и најзначајни светски сојузи – Европската унија и НАТО.

Целиот демократски свет ја препозна промената, ги признава и вреднува успесите постигнати на домашен и меѓународен план. Земјите на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Со поканата за влез во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, стануваме дел од глобалните сојузи кои ја гарантираат нашата стабилна иднина и со тоа ги остваруваме стратешките интереси поставени уште на денот на нашата независност.

Поддршката е директна, отворена недвосмислена и доаѓа лично од светските лидери. Во таа насока се и посетите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, канцеларот на Австрија, Сабастијан Курц и канцеларката на Германија, АнгелаМеркел кои ќе се случат во период од само неколку денови.

Целиот демократски свет подава рака и искрено посакува Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО.

Да не дозволиме да ја пропуштиме историската шанса да ја обезбедиме иднината во ЕУ и НАТО и да го зајакнеме и заштитиме нашиот, македонски идентитет.

Поддршката од демократскиот свет е јасна и отворена, но мора и сите ние активно да се вклучиме во процесот што не води кон ЕУ и НАТО.

На 30 септември да му покажеме на светот дека сме за напредок, дека сме ЗА влез во ЕУ, дека сме ЗА влез во НАТО, и масовно, одлучно и достоинствено да заокружиме ЗА европска Македонија.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …