Јанчев: Не може Мицкоски да ме врати во партијата која јас ќе ја водам

Јанчев: Не може Мицкоски да ме врати во партијата која јас ќе ја водам

Коментирајќи ги гласините дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му понудил на доскорешниот потпретседател Митко Јанчев да се врати во партијата и да биде член на ИК, градоначалникот на Кавдарци за 1 ТВ изјави:

„Не сум излезен од партијата, не може мене Мицкоски да ми понуди да се вратам, бидејќи имам намера јас да ја водам партијата“.

Јанчев заедно со Никола Тодоров и Костадин Богданов беше исклучен од потесното раководство на партијата заради, како што изјавија од партијата “делување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ“.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …