Владата расправаше за амандманите на Уставот, автопатот Кичево-Охрид и донесување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси

Владата расправаше за амандманите на Уставот, автопатот Кичево-Охрид и донесување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси

Владата на Република Македонија на својата денешна, редовна 99-та седница, го утврди текстот на Нацрт -амандманите на Уставот на Република Македонија, и донесе заклучок да го достави до Собранието на Република Македонија.

Во духот на трајната определба за транспарентност, до документот со утврдениот текст на Нацрт -амандманите на Уставот на Република Македонија, граѓаните и стручната јавност можат да пристапат преку следниот линк: https://vlada.mk/nacrt-amandmani 

На оваа седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување и за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување на Анекс бр.3 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид, помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата Синохидро.

Во врска со оваа точка Владата на РМ донесе и повеќе други заклучоци кои се однесуваат на надлежностите, обврските и динамиката на активностите за сите засегнати страни опфатени со новопредложениот анекс.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на денешната седница беше разгледан и Предлогот на закон за спречување на корупција и судир на интереси.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …