МВР поднесе кривична пријава против екс директорката на ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп

МВР поднесе кривична пријава против екс директорката на ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против М.Д.(39) од Прилеп за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.   Пријавената, во текот на 2017 година, како директор на основното училиште „Блаже Конески“ – Прилеп, вршела набавки на стоки и услуги, без да спроведе постапка за јавна набавка и писмен договори со економските оператори.

Исто така, пријавената, во повеќе наврати, спротивно на законот на јавни набавки, односно без одобрување од општина Прилеп, вршела набавки на стоки и услуги од фирми. На овој начин, пријавената, предизвикала материјална штета од 3.069.454 денари на буџетот на општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …