Божик неработен ден за сите граѓани

Божик неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 7 јануари 2019 година (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Претходниот ден, Бадник, пак е неработен за православните, односно бидејќи станува збор за недела, за оние што работат и во неделите тој треба да биде неработен ден или да биде платен како празнично дежурство.

Министерството за труд и социјална политика им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …