Поради неисправен лифт во станбена зграда, прилепчанецот Свеќанцоски половина година е “заробен“ на 5-ти кат

Поради неисправен лифт во станбена зграда, прилепчанецот Свеќанцоски половина година е “заробен“ на 5-ти кат

Прилепчанецот Горјан Свеќанцоски има 48 години, а речиси 30 години е телесен инвалид, по преживеана тешка сообраќајна несреќа со камион. По пожарот во кој до темел е пеплосана социјалната барака во населбата „Варош“, со целата нивна покуќнина, Свеќанцоски со сопругата Мирјана и двете деца речиси две години живеат во стан со кирија. Но, во повеќекатницата лифтот е во дефект 6 месеци. Свеќанцоски е “заробен“ на 5-иот кат. За каква било потреба во градот, тој е условен од помошта на другите.

„Не можам да се движам со месеци. Расипан е лифтот, во зградата нема станбен совет, станарите не собираат пари за поправка. Тие немаат проблем како мојот. Јас сум “заробен“ со месеци на 5-ти кат. Ако имам каква било потреба низ градот, треба да го чекам син ми да си дојде од училиште, па да викнеме други луѓе на помош, да ме симнат и мене и количката пред зграда“, вели Свеќанцоски.

Денеска во терминот за средби, градоначалникот Илија Јованоски разговараше со овој Свеќанцоски и му вети дека ќе се заложи дефектот на лифтот што поскоро да биде саниран, со цел што повеќе да му се олесни неговиот и животот на неговото четиричлено семејство.  

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …