Стево Пендаровски ја презема функцијата Претседател на државата

Стево Пендаровски ја презема функцијата Претседател на државата

Денеска на пладне, во 12 часот во салата „Македонија“ во Собранието на Република Северна Македонја, ќе биде одржана 96 седница на која Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран за Претседател на државата. По инаугурацијата, Пендаровски ќе даде и свечена изјава.

Според протоколот, од Собранието делегацијата ќе се упати кон „Вила Водно“, каде новиот Претедател ќе биде пречекан од Ѓорге Иванов, при што ќе биде извршено примопредавање на функцијата со највисоки државни почести.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …