Заев: „Метлата“ ќе почне да мете на почетокот на јуни

Заев: „Метлата“ ќе почне да мете на почетокот на јуни

Во врска со најавените промени во Владата и државните институции, премиерот Зоран Заев денеска изјави:

“Овој период ќе го искористам за конечни консултации, така што верувам дека во почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а верувам дека некаде кон крајот на јуни ќе се пуштиме и по вертикала, односно во самите општини каде што државата е преставена со одредени државни институции”.

Заев најави дека ќе се менуваат министри, заменици министри, директори, а како партиски претседател најави промени и во СДСМ.

Запрашан за критериумите по кои ќе се прават кадровските промени, Заев ги наброи ароганцијата, неисполнувањето на одредени очекувања, неагилниот однос на носители на високи функции, непотизмот и други аспекти кои ќе бидат ќе бидат согледани.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …