ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМУНАТА НА ВЛАСИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА
dav

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМУНАТА НА ВЛАСИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

По повод 23 мај, Националниот ден на Власите, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска оствари средба со претставници на Комуната на Власите од Битола. На официјалната средба, претставниците ја информираа Петровска за настаните кои се одржаа во општината по повод празникот, додека пак централната манифестација се одржа во Скопје.

Оваа година, Комуната на Власи во Битола ќе одбележи 30 години од своето постоење. По тој повод, претставниците побараа од градоначалничката да биде покровител на овој настан. На средбата се разговараше и за актуелните состојби на Влашките гробишта, манифестациите кои што се одржуваат под нивно покровителство, како и за конкретни активности во кои општината може да има свој удел.

Градоначалничката Петровска истакна дека Општината и натаму ќе ја даде максималната поддршка, а до припадниците на Влашката заедница упати јавна честитка по повод празникот 23 Мај.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …