БИТОЛА: ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА „БИТФЕСТ 2019“

БИТОЛА: ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА „БИТФЕСТ 2019“

Општина Битола го објави јавниот повик за учество во програмата на „Битфест 2019“. Јавниот повик се однесува на кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата и тоа:

– музичко и музичко – сценска уметност

– театар

– ликовна уметност

– видео, фото, филмска уметност

– литература

– фолклор

– нови уметности

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 4.000.000 денари. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да се случи на територија на Општина Битола. Деталите за јавниот повик и потребното барање, може да се најдат на веб страницата на Општина Битола.

Краен рок за поднесување на апликацијата со прилозите во еден примерок е петок, 7 јуни 2019 година, до 16 часот.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …