Собранието ги констатираше оставките на Груевски и Богоевски

Собранието ги констатираше оставките на Груевски и Богоевски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија.

На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на Груевски.
На местото на Груевски и Богоевски, пратеници ќе бидат Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски од СДСМ.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …