Александар Спасов предложен за претставник на Претседателот на државата во Националниот совет за евроинтеграции

Александар Спасов предложен за претставник на Претседателот на државата во Националниот совет за евроинтеграции

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Воедно, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …