Мицкоски не гледа потреба да присустува на лидерската средба во петок

Мицкоски не гледа потреба да присустува на лидерската средба во петок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба на која повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за в петок во 14 часот.

– Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се, за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес и потребно на Република Македонија датум кога ќе имаме предвремени праламентарни избори – рече Мицоски на прес-конференција попладнево во партиското седиште.

Според Мицкоски, средбата би била непотребен театар, бидејќи Заев се плаши од дебакл на изборите.

Тој додаде дека ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се дијаметрално спротивни за Законот за јавно обвинителство, изборниот закон и пописот, за кои изминатиот период разговарале работните групи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …