Прва урбана градина во Општина Аеродром

Прва урбана градина во Општина Аеродром

Граѓанската организација „Зелената арка“ во август ќе почне со изведба на општествена (заедничка) градина на површина од околу 3.000 квадратни метри во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром.

Станува збор за прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок.

Сите заинтересирани граѓани од главниот град што имаат желба за здружено градинарство, може да ја пополнат пријавата за учество во општествената градина преку овој линк: http://tiny.cc/prijava_gradina.

Заедничката градина се изведува во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со средства обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …