Естонија останува со силна поддршка за Северна Македонија за започнување преговори со ЕУ во октомври

Естонија останува со силна поддршка за Северна Македонија за започнување преговори со ЕУ во октомври

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во придружба на заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, оствари средба со премиерот на Естонија Јури Ратас.

На средбата двајцата премиери ги истакнаа пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за нивно интензивирање со проширување на соработката на повеќе планови.

Премиерот Заев му се заблагодари на естонскиот премиер за поддршката и за потпишувањето на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во членство во НАТО.

На средбата заеднички беше оценето дека самитот на Европскиот Совет во октомври е од суштинска важност за Северна Македонија кога се очекува да бидат исполнети ветувањата за датум за старт на пристапните разговори, и дека Естонија ќе продолжи со поддршката за Северна Македонија во оваа насока.

Двајцата премиери се согласија дека Северна Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во реформите дома, како и напредок во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во ЕУ, како резултат на одличната соработка со европските институции.

Премиерите на Северна Македонија и на Естонија, Заев и Ратас изразија заложба да ја поттикнат соработката меѓу двете земји на планот на трговијата и информатичкиот сектор, особено заради извонредните искуства на Естонија.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …