Општина Аеродром доделува субвенции за инвертер-клими

Општина Аеродром доделува субвенции за инвертер-клими

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците направени при набавка на инвертер-клими, што ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Жителите што купиле или ќе купат инвертер-клими во тековната 2019 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно до 18 октомври, можат да достават барање за поврат на средствата во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство со вклучен персонален данок на доход.

Општина Аеродром субвенционира набавка на инвертер-клими со цел да ги стимулира жителите за намалување на загадувањето од затоплувањето на домовите, за да се намали нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух во градот и да се зголеми бројот на граѓани што ќе се одлучат да инвестираат во средства за нов начин на греење, односно поттикнување за примена на поквалитетни уреди за греење.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …