Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

„Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам“, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со  соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки – и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа… Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно  припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Прочитајте повеќе

обвинителство

OJO покрена истрага против две лица за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство (ОЈО) отвори истражна постапка против активен врховен судија и уште едно лице …