Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, оцени дека вчерашниот хаос во Собранието беше театар за прикривање на целосниот неуспех на Владата и од отсуството на резултати на Христијан Мицкоски. „Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето …
Прочитајте повеќе »Актуелно
Топлотниот бран во Европа однесе околу 10.000 животи
За време на топлотниот бран што кон крајот на јуни зафати многу европски земји, во Европа биле регистрирани околу 10.000 повеќе смртни случаи отколку што е вообичаено за тој период од годината. Огромното мнозинство од жртвите – повеќе од 9.000 лица – биле постари од 65 години, покажуваат податоците на …
Прочитајте повеќе »Од вечерва ново поскапување на горивата, дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари
Според новите одлуките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе има ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе стапат на сила од полноќ. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 5,5 денари за литар, па новата цена ќе изнесува 88 денари за литар. Бензините исто …
Прочитајте повеќе »СДСМ: Народот ќе го победи Мицкоски
Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија – и’ кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. Мицкоски призна дека тој и неговата криминална …
Прочитајте повеќе »Уставен суд: Не се важни имињата на улиците, туку во каква постапка се донесени
Уставниот суд денеска ги критикуваше обидите за, како што велат, груба партизација и политизација која некои политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. Се работи за одлуки повезани со преименување …
Прочитајте повеќе »Бизнисменот кој му ја продал земјата за одморалиштето на Кушнер во Албанија осомничен за фалсификување на документите
Бизнисмен од Мајами, кој е баран во Албанија поради наводно перење пари од дрога, е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде што Џаред Кушнер сака да изгради одморалиште вредно повеќе милијарди долари, соопшти агенцијата за борба против организираниот криминал во земјата во досиејата на предметот што ги прегледа …
Прочитајте повеќе »Нов скандал на Тошковски – му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
Соопштение за јавност на СДСМ Скандалот во Полициската станица во Кочани отвора сериозни сомнежи за тешки пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци – лице приведено за трговија со дрога избегало од полициска станица во Кочани! Панче Тошковски не смее да молчи. Јавноста има право да знае: Кој е …
Прочитајте повеќе »Дали популистите велат „жалам“?
Најмалку една година пред изборите во 2024 тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ водеше кампања дека преговарачката рамка со ЕУ може да се промени. Нејзините претставници и некои аналитичари тврдеа дека преговарачката рамка не е исклесана во камен и реално во неа може да има промени. Тој наратив дека е можна промена на преговарачката рамка траеше уште …
Прочитајте повеќе »
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место