Калеска Ванчева: Ние, социјалдемократките, ја имаме визијата за еднакво учество на жените во сите сфери на политичкиот живот

Калеска Ванчева: Ние, социјалдемократките, ја имаме визијата за еднакво учество на жените во сите сфери на политичкиот живот

„Ние сакаме општество во кое рамноправно, без дискриминација ќе ги креираме сите политики и ќе обезбедиме безбедно хумано општество на насмеани лица“, рече во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на Форумот, претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Таа се осврна на почетоците и успесите на Форумот кој се изроди од женските клубови на партијата уште во 1999 година, а прерасна во моќен двигател на општествените промени, демократизација и почитување на основните човекови права, бидејќи без родова еднаквост тие не постојат.

„За овие 20 години постигнавме многу, но патот не беше лесен“, рече Калеска Ванчева.

„Денеска говориме за законска регулатива која овозможува најмалку 40% застапеност на жените во законодавната и локалната власт, но и за 40%, па и 50% застапеност на жените во сите партиски структури, а започнавме со квота од 30% од обата пола во партиските структури на партијата за парламентарните ибори 2002 година. Со измените во Кривичникот законик од 2004 година, за првпат беше дефинирано семејното насилство, а во девет кривични дела против животот, телото и сигурноста на жртвите, предвидена е построга санкција доколку конкретното кривично дело е извршено во контекст на семејно насилство. Во годините кога во земјата почнаа да се уназадуваат правата на жените, Клубот на жени на СДСМ, беше предводник на борбата за унапредување на положбата на жените, застанавме во одбрана на правото на жената да одлучува за своето потомство и за своето тело. Тоа го исправивме кога дојдовме на власт. Но, секојдневно мораме да се браниме од различна пропаганда, во која првично се суди на изгледот на жената, а потоа на суштината“, рече Калеска

„Бевме, сме и ќе останеме лидерки, двигателки на сите демократски промени во општеството и ќе се движиме се побрзо кон целта, зошто не сме сами, чекориме по патот на еднаквоста, заедно“, истакна на свеченоста по повод 20 годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева,

Благодарници за заложбите за родовата еднаквост Форумот на жени им додели на Јованка Тренчевска, Елеонора Петрова, Цветанка Иванова и Цветанка Ласкова.

Прочитајте повеќе

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати

Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде …