Катица Јанева ќе оди во домашен притвор пред почетокот на судењето за „Рекет“

Катица Јанева ќе оди во домашен притвор пред почетокот на судењето за „Рекет“

Апелациониот суд Скопје го прифатил барањето на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за затворскиот притвор во Шутка да ѝ биде заменет со домашен притвор, јавува телевизија „Телма“.

Ваквата одлука доаѓа на само неколку дена пред 3 декември, за кога е закажан почетокот на судењето во Основниот кривичен суд – Скопје на Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец, кои се обвинети за рекетирање во предметот „Рекет“ на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Поранешната претседателка на СЈО, Катица Јанева беше притворена речиси три месеци. На 21 август годинава беше однесена во затворот „Шутка“ поради обвинение за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура …