МЕР склучи договор со „Рапид билд“ за заполнување на гасоводот од Клечовце до Неготино

МЕР склучи договор со „Рапид билд“ за заполнување на гасоводот од Клечовце до Неготино

Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурси (МЕР) склучи договор со друштвото за градежништво и услуги „Рапид билд“ ДОО Куманово за заполнување со природен гас на магистрален гасовод делница 1 од  кумановско Клечовце до Неготино, објавено е на Биро за јавни набавки.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е околу 268.000 евра.

„Гасот доаѓа се поблиску до индустријата и до граѓаните, со што се отвораат можностите да влеземе во фазата за определување оператори на секундарната мрежа кои ќе треба да го обезбедат преносот и приклучокот на гасот до домаќинствата и до индустриските капацитети по конкурентни цени“, изјави неодамна премиерот Зоран Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …