МВР го истражува финансирањето на претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ

МВР го истражува финансирањето на претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Истражители на МВР денеска ја проверуваа документацијата во дел од фирмите на бизнисменот Орце Камчев. Извори од истрагата брифираат за Алсат дека се бараат податоци за финансирањето на изборната кампања на ВМРО – ДПМНЕ. Неофицијално проверката е за долг од околу 400.000 евра за претседателската кампања од април и мај годинава. Под лупа се три фирми, две во Македонија „Монт“ и „Полиестердеј“ и „Горфактори“ од Шпанија.

Од „Орка холдинг“ на Камчев потврдија дека двајца инспектори проверувале документација, но тврдат дека нема ништо спорно. Во септември, според извештајот на државните ревизори, во ВМРО-ДПМНЕ сметката за изборите ја затвориле со неплатени 442.000 евра.

Извор: Алсат

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …