Општина Аеродром: Засадени нови дрвја во Горно и Долно Лисиче

Општина Аеродром: Засадени нови дрвја во Горно и Долно Лисиче

Горно и Долно Лисиче денес беа збогатени со нови садници. Имено, во кругот на училиштето „Гоце Делчев“ и околу градинката беа засадени висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја.

Со оваа акција Општина Аеродром го заокружи есенското засадување садници на територијата на Општината, во кое се вклучија градоначалникот Златко Марин, советниците, општинската администрација, учениците и вработените од училиштата и градинките, како и голем број граѓани.

Во рамките на годинешните акции беа засадени околу 3.300 садници, со што вкупната бројка за изминатите две години изнесува 5 500 дрвја. Во буџетот за 2020 година се предвидени дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници, така што и оваа бројка двојно ќе се зголеми.

Општина Аеродром им се заблагодарува на сите граѓани што се вклучија во овие акции и што го дадоа својот придонес за зазеленување на Општината.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …