Патроли против загадувањето во општина Аеродром

Патроли против загадувањето во општина Аеродром

Општина Аеродром континуирано врши увид на целата територија заради спроведување на мерките за спречување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Во изминатите денови се реализирани заеднички патроли во соработка со полициски службени лица од полициската станица во Аеродром, кои извршија контрола на повеќе локации и направија проверка на типот на огревните средства што се користат за затоплување.

Тие контролираа и дали се чисти возилата што ги напуштаат градилиштата и дали се палат огнови на отворено.

Овие патроли се спроведуваат во согласност со насоките дадени на координативниот состанок инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …