Почина Ѓорѓи Желчески

Почина Ѓорѓи Желчески

Денеска во Белград, во 82 година од животот, почина Ѓорѓи Желчески, едната половина од дуетот Селимова-Желчески.

Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп, во 1938 година, а музичката кариера ја започна како солист во Радио Скопје.

Во 2018 година, дуетот Кевсер Селимова – Ѓорѓи Желчески ја доби највисоката општинска награда која по повод Денот на ослободувањето на градот ја доделува Советот на општина Прилеп – награда за животно дело „Златна плакета“. Наградата им беше доделена за нивните достигнувања во промоција на македонската музика надвор од границите на нашата држава.

Во чест на Ѓорѓи, ќе се потсетиме на последното интервју кое со него и неговата животна сопатничка, Кевсер Селимова, го направивме по повод Третоноемвриската награда на Општина Прилеп за животно дело.

Нека му е вечна слава.

Прочитајте повеќе

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Јулија Навалнаја ја продолжува работата на својот сопруг, рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во …