Крушево: Дезинфекција на институции и расчистување на улиците од снегот

Крушево: Дезинфекција на институции и расчистување на улиците од снегот

Денеска во Крушево продолжи дезинфекцијата на сите државни институции, верските објекти, ОО Црвен Крст и други, а паралелно се чистат улиците од големите наноси на снег.

Општина Крушево и ТППЕ Крушево од утрово се на терен и работат на темелна дезинфекција, активност која доаѓа по вчерашното дезинфицирање во населените места и во насока на интензивирање на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот. Дезинфекцијата ќе продолжи и во наредните денови, со цел опфаќање на што повеќе објекти и што поголема површина.

По големите врнежи од снег, се врши расчистување на улиците во градот и кон населените места Арилево, Дивјаци, Пуста Река и други.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …