Владата денеска ќе свети сино по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам

Владата денеска ќе свети сино по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам

Светот денеска го одбележува 2 Април, Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам, и во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања, денеска светот се бои во сино. На овој Меѓународен ден порачуваме дека различностите не поврзуваат и дека општеството можеме да го направиме за сите.

Владата на Република Северна Македонија дава континуирана поддршка на лицата со аутизам и нивните родители и семејства, и во таа насока, на годинешниот 2-ри април се придружува на останатите земји и својата зграда ќе ја осветли во сина боја.

И покрај хуманитарната криза предизвикана од коронавирус COVID-19 со која во моментот се справува и нашата земја, Владата, заедно со сите партнери и граѓани, преку овој симболичен гест упатува порака дека продолжува неуморно да обезбедува услови за здрава и напредна иднина за сите граѓани, како и поддршка до сите ранливи категории.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …