Крушево: Реконструкција на патот до Пуста Река, до крајот на годината 3 капитални проекти од патната инфраструктура

Крушево: Реконструкција на патот до Пуста Река, до крајот на годината 3 капитални проекти од патната инфраструктура

ЈКП „Комуна“ од Крушево, продолжува со чистење и проширување на патот кон населеното место Пуста Река, по што ќе следи асфалтирање. Станува збор за еден од трите капитални проекти од патната инфраструктура, кои Општина Крушево ќе ги реализира во тековната година.

„ЈКП ‘Комуна’ е повторно на терен и работи на патот од Крушево до Пуста Река. Средствата се обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта. Проект целосно ќе биде имплементиран од страна на Јавното претпријати, затоа што патот е навистина лош, а граѓаните често го користат. И покрај ситуацијата со коронавирусот, мораме да продолжиме со работа, секако почитувајќи ги сите мерки и препораки“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Подготовките на теренот ЈП „Комуна“ ќе ги врши во следните десетина дена, после што патот ќе биде подготвен за асфалтирање. Патот чија должина изнесува 15 километри, не бил целосно реконструиран повеќе од 4о години.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …