ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДООПРЕМУВАЊЕ НА БИТОЛСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КОВИД-19

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ДООПРЕМУВАЊЕ НА БИТОЛСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КОВИД-19

Врз основа на уредбата за примена на Законот за локална самоуправа за време на вонредната состојба, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, побара свикување на вонредна седница на Советот на општина Битола, со предлог точка на дневен ред:

  1. Донесување на Одлука за доделување на донација на финансиски средства на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, потребни за адаптација и доопремување на микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД-19.

Со адаптацијата и опремувањето на лабораторијата, ќе се овозможи тестирање за детекција на присуство на корона вирусот во молекуларната микробиолошка лабораторија во Битола, со што би биле задоволени потребите на општината и Југозападниот регион на државата. На овој начин би се добило побрзо тестирање од досегашното, бидејќи сите тестови се работат во Скопје. Ги јакнеме капацитетите и за сегашно време и за идни потенцијални слични ситуации.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …