Измамничка електронска порака од лажна адреса на Министерството за здравство се испраќа до граѓаните

Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири електронска порака со невистината содржина испратена од лажна е-маил адреса која наликува на Министерство за здравство.

Насловот на пораката е лажен и гласи „Потребна е акција: Еден од вашите контакти е COVID-19 позитивен“, а во самата порака е прикачен PDF документ кој може да содржи злонамерен софтвер.

„Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај. Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е contact@zdravstvo.gov.mk. Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација,“ информираат од Министерство за здравство.

Оттаму додаваат дека ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …