Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

РАБОТА НА ПАТ: Од денеска (21.09.2020) ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврово Анови до с.Трница, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 90 (деведесет) дена.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: На 19.09.2020 година од 06:20 часот кај клучка Орман, на обиколница Велес-Тетово, поради изведување на градежни работи, сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат низ с.Волково.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …