Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, осомничен за убиството на Никола Саздовски - Саздо

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, осомничен за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Денеска од Германија во нашата држава е екстрадиран Јетон Љужа, третоосомничен во случајот за убиството на Никола Саздовски – Саздо. Настанот, односно убиството било извршено на 29.06.2018 година, за што Кривичниот суд ги осуди прво и второ обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири, на 19 години затвор.

„Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија. Во изминатиот период од 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстрадирани, а за дел постапката е во тек“, се вели во соопштението на МВР.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …